Бидете тивки и не правете врева
Исклучете го звукот на мобилниот телефон и префрлете го во тивок режим на работа. Уживајте во звуците на природата и дозволете им го тоа и на другите. Доколку сакате да слушате музика, употребете слушалки. Во никој случај не движете со безжичен звучник со гласна музика, бидејќи така им го нарушувате мирот на другите.
Одморајте настрана од патеката
Ако правите пауза, тргнете се настрана од патеката и не го блокирајте движењето на другите луѓе.
Не фрлајте ѓубре во природата
Не го фрлајте вашето ѓубре во природата, дури ни биоразградливи материјали, како на пример лушпи од банана. Не е добро за животните да јадат неприродна храна. Исто така, кој сака да гледа како вашата банана полека се разградува?
Дајте предност
Планинарите што се движат нагоре имаат предност пред тие што се движат надолу! Застанете и дозволете им да поминат пред вас.
Грижете се за вашето милениче
Доколку планинарите со вашето милениче, задолжително врзете го и контролирајте го неговото однесување. Исто така, не заборавајте да го соберете изметот!
Не ги хранете животните
Иако животните обично се кријат, понекогаш може да се случи да сретнете некои по патеките. Не ги хранете животните бидејќи со тоа им ги нарушувате природните навики за барање на храна.
Не земајте сувенири
Единствениот сувенир со којшто треба да се вратите дома се фотографии и убави спомени.
Вршете нужда подалеку од патеката
Кога одите по мала или голема нужда, осигурајте се да ја извршите најмалку 50 метри подалеку од планинарската патека или било кои извори на вода. Водете се според принципот: Не оставај трага.
Движете по патеката
Движете се по означената патека и не почнувајте нови патчиња, иако можеби така е полесно. Ако има потреба, поминете низ кал или вирче и не заобиколувајте, освен ако има начин да заобиколите без да излезете од патеката.
Движете едни позади други
Доколку планинарите во група, движете се едни позади други и не ја зафаќајте целосната ширина на патеката. Овозможете им на другите да поминат и не го блокирајте движењето по патеката.
Честитки!
Го прочитавте целиот бонтон. Сега сте подготвени за следната планинарска тура. Ви посакуваме добри временски услови и пријатно планинарење.