Ш

ш

Личи на

  • Три прачки што се здружиле за да бидат посилни и да им биде полесно во животот.
  • Буквата Е што паднала на грб.
  • Две чаши што се стуткале еднододруго, да се стоплат.
  • Мајка, татко и дете позираат за сликање.
  • Вила без рачка.
  • Тризаб.
  • Пепелница со цигара во неа.

Занимања

  • Шофер

    Два дни со кола се возам
    три дни под колата се козам.

  • Шахист

    Трипати мислам
    еднаш мрдам.

(през)Имиња

  • Шоптрајанови
  • Шокаревци
  • Шандановци
  • Шемови
  • Шутаревци
  • Шахпазовци
  • Шопови

Извици

  • Шашливо, шик, шеговито!
  • Шарено шеќерче!
  • Шипки!

Слики

Шега – буква Ш — Бушава азбука