Ч

ч

Личи на

  • Чаша со рачката погрешно ставена, па мораш постојано да ја држиш за да не падне.
  • Четворка, малку зарамнета на рабовите.
  • Закачалка.
  • Буквата Ј, ама јадичето се качило угоре по конецот.
  • Ченгелот во касапница.

Занимања

  • Чевлар

    Везден сонувам чуден сон –
    сум измислил челичен ѓон!

  • Чиновник

    Поарно е човек да меша малтер
    одошто на светот да гледа низ шалтер!

(през)Имиња

  • Чоревци
  • Чупевци
  • Чокревци
  • Чилимановци
  • Чадиковци
  • Чејковци
  • Чундевци

Извици

  • Чувствително, човечки!
  • Честито!
  • Чудно ми чудо!

Слики

Чудо – буква Ч — Бушава азбука