Ц

ц

Личи на

  • Кофа од која тече вода.
  • Тенџерче со крилце.
  • Казанче со славинче.
  • Буквата П легнала на грб затоа што ѝ тече крв од носот.
  • Чаша со дршка погрешно наместена.
  • Парче цевка со капаче одоздола, па и тоа искривено.

Занимања

  • Цариник

    Само за шверцерите:
    Отворајте ги куферите!

  • Цвеќарка

    Дарете ѝ цвет
    на љубовта во лет!

Имиња

  • Цветанка
  • Цвета
  • Цветан
  • Цветко
  • Цеко

Извици

  • Цивилизирано!
  • Царско цвеќе!
  • Цврцнато!

Слики

Цел – буква Ц — Бушава азбука