Х

х

Личи на

  • Лажица и виљушка оставени во чинијата по добар ручек.
  • Знак за множење.
  • Знак за плус, ама извртен.
  • Два врва, или четири врва залепени.
  • Некој се лизнал на мраз и рацете и нозете му отишле на сите страни.
  • Некој се радува и скока од радост.

Занимања

  • Хаузмајстор

    Има ли лифт заглавен
    што експресно не е поправен?

  • Хемичар

    Нема конкуренти
    во експерименти.

Имиња

  • Христина
  • Харалампие
  • Христијан
  • Хранислава

Извици

  • Храбро, хармонично, хумористично и хумано!
  • Хаос!

Слики

Хеликоптер – буква Х — Бушава азбука