У

у

Личи на

  • Поштарска труба од старо време.
  • Кајак што плови угоре по водопад.
  • Таткото црв кој го зел детето црвче да го носи кркач.
  • Пливач скокнал од скокалница во стил ластовица.
  • Скијач на спуст.
  • Фишек за семки и леблебии.
  • Ловџиски рог.

Занимања

  • Учител

    Сето што го знам
    ви го давам вам.

  • Уметник

    Сето што го чувствувам
    со вас го споделувам.

Имиња

  • Угра
  • Убавка
  • Угрин

Растенија

Извици

  • Убаво, умешно и уметнички убедливо!
  • Уживање!
  • Утка!

Слики

Убава – буква У — Бушава азбука