Р

р

Личи на

  • Оперска пејачка кога фаќа високо Це.
  • Буквата В без долниот дел.
  • Буквата П латиница.
  • Војник кој поздравува во став мирно.
  • Пумпа за бензин.
  • Човек што решил да пука во себе, но се премислил затоа што сфатил дека животот сепак е убав.

Занимања

  • Рибар

    Во утрински рани саати
    изведувам фрли–фати.

  • Режисер

    Режирам свадби, домашни слави,
    театарски и кино претстави.

Имиња

  • Рајна
  • Радмила
  • Румена
  • Рада
  • Ратка
  • Руса
  • Ракита
  • Ристосија
  • Рајко
  • Раде
  • Ратко
  • Ранко
  • Ристо
  • Русомир
  • Русе

Извици

  • Разработено, разиграно, развиено!
  • Работа и разонода!
  • 'Рѓа!

Слики

Рендген – буква Р — Бушава азбука