Н

н

Личи на

  • Рампа за скок од височина.
  • Х латиница.
  • Пречка за коњски трки.
  • Текче за развивање мускули.
  • Едни федери за фискултура, не знам како се викаат.
  • Волан од вселенски брод.
  • Две маси кренати в кафеана после фајрон.

Занимања

  • Новинар

    Нови вести бркам,
    со време се тркам.

  • Научник

    Знаењето е како пустинска оаза,
    поставете сѐ на научна база.

  • Навигатор

    Дали на север, дали на југ
    јас се слушам и никој друг.

Имиња

  • Николина
  • Неделка
  • Нада
  • Неда
  • Новка
  • Никодија
  • Најденка
  • Најден
  • Наум
  • Никола
  • Неделко
  • Невен
  • Новак
  • Никодиум
  • Најдо

Растенија

Извици

  • Неверојатно надарено!
  • Накитено, наконтено!
  • Нешто нај, нај!
  • Нула!

Слики

Напор – буква Н — Бушава азбука