М

м

Личи на

  • Дрво засечено со секира.
  • Готвачка капа.
  • Перка од риба.
  • Птица со главата надолу, додека колве.
  • Шапка, цивилна или војничка.
  • Два пингвина фатени за рака.
  • Панталони, се сушат спрострени на жица.

Занимања

  • Музичар

    Свирам, пеам, аранжирам
    слободно импровизирам.

  • Милиционер

    Како пчела медот –
    јас го чувам редот.

  • Метеоролог

    Ако кажам сончево –
    ќе биде врнежливо.

Имиња

  • Марија
  • Мирка
  • Милка
  • Мирјана
  • Менка
  • Митана
  • Марта
  • Магда
  • Младенка
  • Мирко
  • Магдалена
  • Матеј
  • Мартин
  • Мојсо
  • Младен
  • Миладин
  • Марко
  • Милан
  • Михаил
  • Милко
  • Мирољуб
  • Максим
  • Мирослав
  • Мирон

Извици

  • Многу мудро и мисловно!
  • Мевлем за масите!
  • За мерак!
  • Маѓепсна мајсторија!
  • Мед и млеко!
  • Мрсулаво!

Слики

Малер – буква М — Бушава азбука