Ж

ж

Личи на

  • Желка, подизлезена од оклопот.
  • Бубалка со шест нозе.
  • Палаво разиграно дете.
  • Сват што игра оро, а не знае дека супата е сервирана и истината.
  • Жаба. Обична.
  • Орел со раширени крилја.
  • Страшна ѕверка од друга планета.

Занимања

  • Железничар

    Вовчето ми лази како коњче во кас
    место да гази по двесте на час.

Имиња

  • Живка
  • Живана
  • Живадинка
  • Живко
  • Живомир

Извици

  • Жарче!
  • Жестоко!
  • Да живееме!
  • Жално!

Слики

Жаба – буква Ж — Бушава азбука