«

Е

е

Личи на

  • Чешел со три запци, за ќелава глава.
  • Ракописното Е е како ѓеврек, ама распаднат.
  • Две кифли, пријателки, едната солена, а другата слатка.
  • Отворена обетка.
  • Големо деколте, гледано од птичја перспектива.
  • Малото е е како жапче.
  • Златно рипче што мавта со опашката и сака некому да му исполни три желби.

Занимања

  • Електричар

    Кабли мотам
    струја кротам.

  • Економист

    Вртам, сучам, мерам, сечам,
    за цените да ги згмечам.

Имиња

  • Елена
  • Евдокија
  • Евгенија
  • Ефтим
  • Евгениј
  • Ефтимија
  • Еремија
  • Емилија

Растенија

Извици

  • Ептен енергично!
  • Едноставно, експлозивно!
  • Евтино!

Слики

Ехо – буква Е — Бушава азбука