Г

г

Личи на

  • Ластовичка која лета по небото, а ние ја гледаме од Земјата.
  • Бесилка.
  • Прав агол од деведесет степени.
  • Улична светилка што дење работи, а ноќе спие. Наместо да биде обратно.
  • Буквата Т ја скрила едната рака.
  • Врв од страница на весник или книга. Тој врв се подвиткува за да знаеме каде сме застанале со читањето.

Занимања

  • Географ

    Картата на големиот свет
    ја имам во малиот џеб.

  • Готвач

    Со сто грама брашно и малку вода
    готвам мезелаци по последна мода.

Имиња

  • Гордана
  • Горда
  • Грозда
  • Грозданка
  • Галена
  • Горица
  • Герман
  • Георги
  • Генади
  • Гаврил
  • Гроздан
  • Горан
  • Гале
  • Глигор

Извици

  • Грандиозно!
  • Генијално!
  • Гром!
  • Глупости!

Слики

Глув – буква Г — Бушава азбука