В

в

Личи на

  • Осумка, сплескана од едната страна.
  • Два круга, потпрени на ѕид.
  • Перек. Тоа е нешто како солена кифла, ама поубаво.
  • Буквата Б латиница. А оваа азбука е, се разбира, кирилица.
  • Малата буква в е како бротче со едро.
  • Виолински клуч, ама поткастрен.
  • Како шестка со перчин.

Занимања

  • Ветеринар

    Доктор сум за квачки,
    кучиња и мачки.

  • Војник

    Со слобода се хранам,
    татковина бранам.

Имиња

  • Василка
  • Веселинка
  • Велинка
  • Вита
  • Викторија
  • Виолета
  • Васил
  • Велко
  • Веселин
  • Владимир
  • Волкан
  • Виктор
  • Велјан
  • Вангел
  • Венијамин
  • Вртан
  • Војдан

Извици

  • Виртуозно!
  • Ведро, весело, величествено!
  • Вошки!

Слики

Вода – буква В — Бушава азбука