Б

б

Личи на

  • Еден музички знак што, ми се чини, се вика бемол.
  • Буквата В без горниот дел. Којзнае каде ѝ е.
  • Очила. Едното стакло се скршило или се загубило.
  • Буквата Г која пуштила стомак.
  • Малото б ракописно е како пиле, како пајка или кокошка.

Занимања

  • Балерина

    Вежбам мачно и напорно,
    играм лесно, беспрекорно.

  • Бербер

    Бричам стручно, без нервоза,
    следам фудбалска прогноза.

  • Библиотекар

    Давам книги, тенки и дебели,
    за делници и за во недели.

Имиња

  • Билјана
  • Богдана
  • Бојана
  • Бојка
  • Босилка
  • Борка
  • Бранка
  • Будимка
  • Благуна
  • Бисера
  • Блажена
  • Божана
  • Благородна
  • Борјанка
  • Благоја
  • Богдан
  • Божидар
  • Борис
  • Бранко
  • Божин
  • Бошко

Извици

  • Бистро!
  • Блаженство!
  • Браво!
  • Боза!

Слики

Бокс – буква Б — Бушава азбука