А

а

Личи на

  • Ракета со два мотора на млазен погон.
  • Робот кој, ако се програмира, може да ни ги пишува домашните задачи.
  • Врв од индијанска стрела.
  • Ѕвонче што го објавува големиот одмор на училиште.
  • Поп во мантија, со расчекорени нозе, а со рацете склопени врз стомакот.
  • Шестар, со кој се цртаат кругови. Или полукругови. По желба.
  • Агломер, со кој се мерат агли. Како што ни кажува името.

Занимања

  • Артист

    Знам да плачам кога ми е смешно,
    да се смеам кога ми е тешко.

  • Авијатичар

    Летам во облаците,
    им се смеам на пешаците.

Имиња

  • Ангелина
  • Ангелка
  • Ангелија
  • Алтана
  • Анастасија
  • Александра
  • Анѓа
  • Ана
  • Аврам
  • Ангел
  • Ангелко
  • Атанас
  • Антим
  • Антон
  • Арангел
  • Александар
  • Аризан
  • Андон
  • Арсенија
  • Ананија

Извици

  • Ама арно!
  • Алал алтан!
  • Ајде аплауз!
  • Ајде, аман!

Слики

Авијатичар – буква А — Бушава азбука