Бонтон за планинари

Речиси секоја група на луѓе има некои непишани правила за добро однесување. Така е и со планинарите. Почитувајте ги следните едноставни правила и направете го планинарењето попријатно за сите.


Бидете тивки и не правете врева

Исклучете го звукот на мобилниот телефон и префрлете го во тивок режим на работа. Уживајте во звуците на природата и дозволете им го тоа и на другите. Доколку сакате да слушате музика, употребете слушалки. Во никој случај не движете со безжичен звучник со гласна музика, бидејќи така им го нарушувате мирот на другите.

Природа

Одморајте настрана од патеката

Ако правите пауза, тргнете се настрана од патеката и не го блокирајте движењето на другите луѓе.

Пауза на страна од патеката

Не фрлајте ѓубре во природата

Не го фрлајте вашето ѓубре во природата, дури ни биоразградливи материјали, како на пример лушпи од банана. Не е добро за животните да јадат неприродна храна. Исто така, кој сака да гледа како вашата банана полека се разградува?

Ѓубре во корпа за отпад наместо во природа

Дајте предност

Планинарите што се движат нагоре имаат предност пред тие што се движат надолу! Застанете и дозволете им да поминат пред вас.

Планинари што пешачат нагоре

Грижете се за вашето милениче

Доколку планинарите со вашето милениче, задолжително врзете го и контролирајте го неговото однесување. Исто така, не заборавајте да го соберете изметот!

Планинарка со милениче

Не ги хранете животните

Иако животните обично се кријат, понекогаш може да се случи да сретнете некои по патеките. Не ги хранете животните бидејќи со тоа им ги нарушувате природните навики за барање на храна.

Елен на планинарска патека

Не земајте сувенири

Единствениот сувенир со којшто треба да се вратите дома се фотографии и убави спомени.

Планинарка покрај патека

Вршете нужда подалеку од патеката

Кога одите по мала или голема нужда, осигурајте се да ја извршите најмалку 50 метри подалеку од планинарската патека или било кои извори на вода. Водете се според принципот: Не оставај трага.

Панорамски приказ на планинарска патека

Движете по патеката

Движете се по означената патека и не почнувајте нови патчиња, иако можеби така е полесно. Ако има потреба, поминете низ кал или вирче и не заобиколувајте, освен ако има начин да заобиколите без да излезете од патеката.

Планинар што се движи по патеката

Движете едни позади други

Доколку планинарите во група, движете се едни позади други и не ја зафаќајте целосната ширина на патеката. Овозможете им на другите да поминат и не го блокирајте движењето по патеката.

Група од планинари што пешачат едни позади други

Честитки!

Го прочитавте целиот бонтон. Сега сте подготвени за следната планинарска тура. Ви посакуваме добри временски услови и пријатно планинарење.

Споделете со пријателите


Објавено под лиценцата „GNU General Public License 3.0“ на GitHub. Изработено од Гоце Митевски.